контрола (имн.) - над (предл.)

Некои доживувале збунетост и анксиозност набргу после внесувањето на дрогата, необични промени на телесната шема, онироидни состојби, визуелни дисторзии и илузии, како и впечаток дека губат контрола над своите телесни процеси, мисли и емоции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Штом ќе воспоставеше малку контрола над своите физички нелагоди, му се враќаше ужасот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Контрола над стварноста“, го нарекуваа тие: во Новоговорот, „двомисла“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напротив, исправноста во вистинска смисла бара целосна контрола над сопствениот ментален процес, каква што има акробатот над своето тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А бидејќи Партијата има целосна контрола над сите документи, исто толку целосна контрола над свеста на своето членство, тогаш произлегува дека минатото е такво какво што ќе реши Партијата да биде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нашата контрола над материјата е веќе апсолутна.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако успеат да ја земат контролата над цела Африка, ако ги заземат аеродромите и подморничките бази на ' Ртот, тоа ќе ја пресече територијата на Океанија на два дела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Староговорот тоа се вика, сосем отворено, „ контрола над стварноста“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што ќе се види, контролата над минатото зависи, пред сѐ, од тренирањето на меморијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеше да се одбрани од ритамот, немаше контрола над играта, а и да ја имаше, не ќе ја користеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А сето ова да помине со што помалку реакции, преку промена на критериумите за репрезентативност, дополнително е ослабната моќта на синдикатите и е зајакната државната контрола над нив!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  2008: укинување на изречната забрана според која работникот во ноќна смена не смее да работи повеќе од една недела (Закон за работни односи); •  2009: зголемување на државната контрола над синдикатите преку промена на критериумите за репрезентативност (Закон за работни односи);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Воопшто не беше лесно да се трча низ угорница, низ густите гранки, да го види бикот, освен тоа што можеше да го наслуша неговото рикање, во не многу кратката далечина; Останатата контрола над бикот, беше, скоро невозможна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На пример, во нивните напори да стекнат исклучива контрола над одредена територија, павијаните ги поставуваат мажјаците кои изгледаат опасно на рабовите на таа територија, кои практично се однесуваат како граничари.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Zygmunt Bauman, Globalization: The Human Consequences. (Cambridge, UK:Polity Press, 1998), 210.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
51 Со напредокот на технологијата, меѓународните режими за полициска контрола над границите сега можат да ги регулираат новите начини на употреба на ненаселени простори, како на пример Антарктикот, океаните, воздушниот простор и вселената.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)