констатација (имн.) - дека (сврз.)

Тој сосема отворено им укажал на присутните за очебијните чекори кои се преземале од Македонија “за разлабавување на централната власт“ и неговата неодмерена констатација дека “секој си ја чува својата прчварница, а не гледа дека ни е неопходна цврста власт во Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој се вратил со силни впечатоци од среќавањето со руските револуционери, но и со жална констатација дека гемиџиите заостанувале по теоретската изграденост од тие во Женева.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој побарал информацијата да им се достави на сите заинтересирани членови на разузнавачката организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од многуте размисли што ги беше изврзал во реченици мислам дека посебен впечаток ми остави неговата констатација дека сите аргументи што ги согледал откако внимателно го разложил до најситни детали мојов случај констатирал дека сепак станува збор за заговор со обид да се дискредитираат моралните квалитети на наш висок раководител.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понатаму, од нејасното излагање на Кожинката произлегуваше дека тој бил изненаден од ставовите на некои неупатени другари кои ги застапувале тие поинакви сознанија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И затоа, според неговото мислење, после толкавиот труд вложен во сериозниве иследувања, некои нови погледи на случајов му се чинеле најблаго речено, избрзани и неаргументирани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А мене ме изненади токму таа констатација: дека одговорни личности не ги споделувале неговите гледишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И следува констатацијата дека средината во која живеам остава неизбришливи траги во душата, дека повеќе животот не ми изгледа едноставен како што сум мислел порано, дека мојот поглед кон многу нешта од корен се менува, и животот на човекот е темна и празна провалија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А потоа, наеднаш, без одредена причина и јасен повод ја изрече и онаа чудна констатација дека се чувствувала заглавена под урнатините на денот! И тоа не по своја вина!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)