конгрес (имн.) - во (предл.)

Веројатно најправдива оценка на слабостите на ТМОРО направи Вториот окружен конгрес во Солун /1905/, непосредно пред одржувањето на Рилскиот конгрес на Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
18. Не е сосем точно дека српските претензии за Македонија се појавиле дури по Берлинскиот конгрес во 1878 год., бидејќи организирана и од државата раководена српска пропаганда во Македонија се појави уште по Гарашаниновото “Начертание” (1844) и се изрази во 60-тите години на минатиот век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По обединувањето на Младотурците во нова организација “Обединување и напредок” на конгресот во Каиро (1908) донеле одлука за вооружена борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во јули истата година во Македонија, Младотурците кренале востание.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во октомври 1905 бил свикан Рилскиот конгрес со цел да се разгледа целокупната активност на Организацијата, да се донесе нов Устав, да се осуди дејноста на странските пропаганди.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Подвижен конгрес во неколку села од прилепската околија на кој бил усвоен нов предлог за Устав на Организацијата, кој бил проследен до сите организации на преиспитување и усогласување до свикувањето на општ конгрес.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Преку демагогија, измама и сила цончевистите успеале тоа да го сторат на Деветтиот конгрес во јули 1901 година51.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Буџетските дефицити, неспособноста на државната каса да ги исплаќа ануитетите и каматите на долговите, пасивниот трговски биланс, зголемените трошоци за армијата и администрацијата, сето тоа довело веднаш по Берлинскиот конгрес во 1878 година до полн банкрот на државата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Речиси сите историски аргументи одат во прилог на мислењето дека иницијативата на Гарванов за свикување на Солунскиот конгрес во јануари 1903 година и решението на претстојната пролет да се дигне општо востание биле голем заговор против македонското националноослободително движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На Десеттиот конгрес во јули 1902 година му било одговорено на Сарафов дека сметките ги прегледал Цончевиот комитет и нашол кусок од 6.000 лева.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Поттик повеќе во донесената одлука за обединување на Американците од словенско потекло во една организација несомнено имал одржаниот Словенски конгрес во Москва од 9-11 август 1941 година, кога претставниците на сите словенски народи се обврзале со заеднички сили да се борат до конечното уништување на фашистичките освојувачи и за ослободувањето на словенските народи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во раководството на Словенскиот конгрес влегле д-р Осовски, како претседател, и Георги Пирински, како секретар.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По конгресот во Москва, на 19 октомври 1941, во Детроит, од претставници на словенските организации бил формиран Словенски комитет, со задача да пристапи кон свикување општ словенски конгрес.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
105 Меѓу учесниците биле: Луис Адамиќ, американски писател од југословенско потекло и претседател на Обединетиот комитет на Американците од југословенско потекло; Џозеф Ханц, директор на чехословачкиот економски сервис во Обединетите нации; Сава Н Косановиќ, член на југословенскиот парламент и генерален секретар на Демократската независна партија; Богдан Радиша, шеф на печатот во југословенскиот информативен центар во Обединетите нации; Гаетано Салвемини, професор по историја на италијанската цивилизација на Универзитетот „Харвард“; Виктор Шаренков, секретар на Бугарскиот конгрес во Америка; Рустем Вамбери, пензиониран декан на Правната школа при Универзитетот во Будимпешта и претседател на Комитетот на нова демократска Унгарија; Васил Влавијанос, издавач и уредник на „Национален гласник“ и Алварез дел Вајо, министер за надворешни работи на Шпанската република.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
106 Со Македонија како субјект по војната уште никој не калкулирал.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таа смисла, само по еден месец по одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ, се одржа четничкиот конгрес во селото Ба, на 25 јануари 1944 година, во присуство на 274 делегати, меѓу кои и претставници на компромитираните и разбиени политички партии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првиот Сесловенски конгрес во САД ја постигнал својата пос-тавена цел, зацврстување и продлабочување на единството на сите демократски сили на Американците од словенско потекло и коор-динирање на нивната дејност со демократските и прогресивните сили од другите национални групи и професионални сојузни друштва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По одржаниот Конгрес, во наредните месеци, словенските ор-ганизации и друштва развиле жива активност низ цела Америка, со цел да ги доближат сите Американци од словенско потекло кон Американскиот словенски комитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На конгресот присуствуваше и капетанот Менсфилд, член на воената мисија на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јусуфовиот дедо по таткова линија, Мехмет Али-паша, со Абдил Фрашри, ја водеше албанската делегација на Берлинскиот конгрес во 1878 г. по Руско-турската војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)