конак (имн.) - некој (зам.)

Мудурот, макар да не го изнесе случајот во Старавина на мулазимот, сепак го наговори да испрати една десетина, да прокрстари малку по нивниот реон колку да се види дека власта е будна, та да не се случи да му влезат и во самиот конак некоја ноќ, или да го запалат да изгори, како што му се фалеше Толе кај Сивета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но оваа потера излезе вечерта, и преку ноќ накачи горе и го фати орманот, та дедот Joван не ја забележи за да му стори абер на Толета да се засолни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)