комита (имн.) - во (предл.)

— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Учителот Стамен потекнуваше од семејство кое во сите војни се обезглавувало, но пак некој, како израсток од пресечено дрво, го обновувал родот: прадедото му загинал во борба со турските зулумќари што го ограбувале селото; дедо му загинал како комита во Илинденското востание; татко му учествуваше во Балканската војна, и по протерување на Турците, отиде во Солун да работи каде што го поведе и Стамена да изучи некоја школа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие напред пратија двајца комити во Костурско да се поврзат со пријателите, да дознаат каде и како се движат андарите за да можат, кога ќе одат, да удрат по нив.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И белки не е за несреќа“, си рече жалејќи што сега не му е младоста од едно време кога беше комита во четата на деда Гера.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)