комисија (имн.) - и (сврз.)

Во вакафските простории, покрај членовите на стручната комисија и претставниците на Партијата, на општината и на архивот, со Татко влегоа и градскиот исламски верски поглавар, со уште двајца други верници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Брзакот застана пред столиците поставени како перустија, со врвот кон вратата, така што Комисијата и публиката му беа од левата и од десната страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дедот Јована уште утрото го собраа заптиите во Витолиште, а откако дојде комисија и направи „ќеш“, над отепаниот онбашија, Ташко и војникот, го отераа во Прилеп, a оттаму во Диар Бекир, откаде не се врати да ја види главата од сина си Бојка, кој падна од потерата на истиов овој мулазим и бег од Витолиште по двегодишно кумитување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фазлибеј ќе пукнеше од јад кога разбра дека се свампирил Толе Паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога стигнала забраната, прво тоа било земено на нишан. Седумнаесет кози! Идела комисијата и секој ден уништувала по една коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)