колона (имн.) - војник (имн.)

И кога најпосле решил оти е подобро да се врати дома одошто да ака по Штабот кој можеби веќе и не постоел, свртил кон меаната под Овчеполска станица, да се освежи, како што рече, и ете, за белја, наишол на цела колона војници, загубени во полето, или едноставно заборавени од нивните старешини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, токму таму, во меаната, татко ти успеал да го направи најглупавиот договор што еден умен човек смее да си го дозволи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, намерата им беше да одат кон паркот, кај козите, да ги втасаат и да ги поминат колоните војници и полицајци, да му кажат на Чанга, па да ги земат и нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)