колено (имн.) - и (сврз.)

Беше пладне, летна жега, а јас седев во ладната соба на столот, свиткан во колената и со поднаведната глава, како пред судии и поротници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Црниот машинист, Коле, по потекло од Вардино, веќе беше легнат под сенката, со свиткани колена и со едната рака под главата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Клекнување на колена и бакнување раце - 200 евра.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Јас се одвлечкав полека во училната, се потпрев со рацете на колена и тажно ги гледав големите чевли на моите нозе, што влегоа во мојот живот како некои живи суштества, сведочејќи ми за студената пресметливост на светот што ќе го газам со нив.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И ѝ беше дадено да се бие со светите, и да ги победи, и ѝ би дадена власт над секое колено и народ и јазик и племе. Кој има уво нека чуе!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но Аце на 28 години имал поголеми мадиња за разлика од сите овие педесетгодишни давајгазовци кои во своите битки можат да се пофалат само со разранети колена и згрбавен рбет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Потоа, си ја потокми футата пред себе, истргнувајќи ја надолу преку колената и пак си ја призабради шамијата на главата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Одново се засмејува и го гледа Лазор кој од под веѓи гледа во книгата положена на неговите, Јосифовите, колена и потисната со рацете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Налактен на колената и со брадата и устата втиснати во вкрстените збрчкани дланки, молчи и натажен поглед има вперено во дворот обраснат со коприви и диво зелје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од раскажувања знам кои беа тука, каква им беше живеачката, та затоа од возбуда ми треперат колената и полека, небаре се пробивам низ некоја голема мрачна сенка, пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Перењас ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пак чукам, упорно удирам со тупаниците и со колената и со големите војнички цокули. Никој не отвора.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таа позајмена и преработена азбука се предава од колено на колено и со предавањето се изменува и сѐ се дотерува до својствата на јазикот на позајмувачите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има уште илјадници души од родот твој што како и тебе не клекнаа на колена и им останаа верни на коските на своите татковци!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се дигнува на колена и, наеднаш, со двете раце се фаќа за глава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој се влечка на колена и непрестајно ја движи десната рака, сипајќи ги ударите во просторот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога повторно си дојде на себеси, гледа пред него седи на колена и му ги влажни усните со камилско млеко.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не успевам да подигнам нога, па, со помош од сестрата, која недраго ми ја подава раката, се пентерам на колена и сфаќам дека, како кучка, сум зазела позиција наопаку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
После нѐ викна, нѐ зеде меѓу колена и ни даде по едно ѓеврече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кожата ми се крева до под колена и ме чеша, ме јаде под завојот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Значи, јас треба да клекнам на колена и по 25 години заеднички живот да те прстенувам и побарам за жена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во преградата отспротива вредно работеше еден мал, на изглед прецизен, темномурест човек по име Тилотсон, со превиткан весник на коленото и со устата сосем блиску до микрофонот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со своите долги, темни раце што брзо се движеа тој садеше, натапкуваше и прицврстуваше, сечеше, подрежуваше, со црното лице секогаш свртено кон земјата, со очите секогаш вперени во она што го работеше, кои никогаш не ги подигаше кон небото, и никогаш не гледаше во мене, па дури ни во Мама, освен ако не клекневме крај него, чувствувајќи како влажната земја ни продира низ панталоните кај колената и ги стававме рацете во црната нечистотија, не гледајќи во сјајното, лудо небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Здолништето, она што не ѝ досегаше на Катерина ниту до колената и од кое добар дел од нејзините нозе остануваше незгрижен од туѓите погледи, особено кога ќе седнеше, го немаше виснато на ниту еден од потпирачите на столовите ниту пак на кваките од прозорците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нумо ја вади од џебот изабената лажица, ја брише со полата, ја удира од коленото и седнува до Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оваа Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Една Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии. (Само не брзајте, ќе ја запознаете и ќе ви се здодее од неа.)
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И да не ги тегнеа човечињата, тие што се имаа погодено врз колената и лактите на Ане самите изгледаа пресмешно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме жегна под колено и ме клекна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме вртат колената и лактите, ми пукаат зглобовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја кутна еден војник под колена и зеде да ја удира, да ја гази.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Венчиња мраз ќе им се фаќаат околу колената и прстите, но тие не запираат со собирањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А дедо ме зеде на колено и рече: По наше молитвата е вака: Отче наш иже еси на небесах, да свјатитсја имја твое, да приидјет царствие твое, да будјет воља твоја, јако на небеси и на земли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Падна на колена и пушти глас - пискотница: - Циљкооо... чендо!!!... - над лединката за миг нависна крик.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој клекна на колена и во мигот кога сакаш да стане, малку понастрана, само десетина чекори од него, во трските виде легнато женско тело.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Цело време гледам во нив благородна вдахновеност, чинам, не денешна, ами пренесувана и љубоморно негувана од колено до колено и гледав уште искри на подбивност кон уништувачкото бреме на времето кое на овие простори истури толку омраза, лошотилак, кодошлук и подбуцнување...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Омалаксаност во колената и болка во градниот кош.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И онака порано или подоцна луѓето доаѓаат на колена и молат да им отвориш џамија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаше големи, сини очи Марин Крусиќ, посини од езерската вода, меки чизми со реси, панталони набрани под колената и топла пелерина малку непотребна за овој дел од годината, и за ова поднебје, но сето тоа уште на прв поглед го издаваше неговото дубровничко потекло и работата со карваните што пренесуваа восок и волна за Леш и други градови во Албанија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бргу се спушта на колена и мижејќи се вовлекува под креветот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)