колено (имн.) - ги (зам.)

Страв голем ги згрчи грлата, ги скрши рацете и колената ги свитка, лицата ги искриви, се вгнезди во очите, проникна под кожата, влезе во коските, го помати умот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По песочното крајбрежје коњи фучат Нозете им се долги (со колената ги допираат жабрите што им израснале на вратот).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дофрли дрвце во огнот, со стапчето што го имаше допрено на своето колено ги подбра недогорените дрвца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И тргнувајќи пред Максима и пред Васила легнатите овци ги пречекорува, а тие кои стојат туркајќи ги со колената ги растерува, (нивните чакарки, кога се преместуваат од едно на друго место, кусо и отсечно ѕвонат), а кога излегуваат надвор пред вратата на трлото, гледајќи во небото, вели: Небаре е дење. И зазорено е.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)