колено (имн.) - почне (гл.)

Притоа во градите и заплопоти неочекувана возбуда од којашто во нозете почувствува малдисаност од која колената почнаа да ѝ се сечат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Влезе во вирот како во леѓен, барајќи со стапалата рамен, а не остар камен, па во водата до над колената почна да џбара со рацете до лактовите во брановите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Малото не знаеше уште убаво да зборува, но и да знаеше, тоа не го познаваше Толета, та уште кога го кладе на коленото почна да се тегни од него за да оди кај сестричето на Толета, со кое беше оставено денеска да го преседи денот додека да си дојдат мајка му и баба му од работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)