книга (имн.) - го (зам.)

Само книгите го додржуваат во животот, прошепоти Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Книгата го маѓепса или, поточно речено, го успокои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој, сепак, го купи овој роман, подоцна на голема радост на Татко и оваа книга ќе заземе централно место во книгата за јаничарите во еден рафт од неговата библиотека враќајќи му ја надежта сепак да продолжи да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, доколку вистински во контекстот на книгата го промисли јаничаризмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше период во кој Климент Камилски беше ревносен слушател кога Татко низ своите книги го внесуваше во источните тајни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа е чудесна како животот на твојот народ, и како што вели Ел. Верлект: Книгата го претставува најдобриот педагошки документ во кој се опишува интеракцијата на социјалната средина и детето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Твојата книга го поддржува најправедниот и најсмелиот подвиг во историјата на филозофијата и на науката за детето..
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Подоцна ѝ се ЗАД ЅИДОВИТЕ чинеше дека во тивкиот глас на книгите го препознава неговиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако исклучокот од болеста, или Нормалноста, психијатрите во книгите го нарекуваат Религија, тогаш моето Верување во тајни знаци кои сакаат да ми разоткријат гатанка доаѓаше како некаква здрава работа од типот на водење на кучето во парк.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Зошто во насловот на вашата книга го употребувате зборот „метафизика“?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Секој ден го слушам од иследниците, а во книгата го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Авторот на оваа одлична книга го запознав пред неколку години кога престојував во Колеџот на преведувачите во Арл и потоа при едно негово гостување во Скопје... Ваш Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа како што не престануваше да ја шири вистината за моите книги среде своите пријатели, да им пишува на издавачите, на уредниците на книжевните емисии за да го свртат вниманието кон моите книги, се обидуваше и во настаните кои ја загрозуваа иднината на Македонија да ја открие логиката на помирувањето, соживотот на македонското и албанското население, како и другите етнички заедници, гледајќи ги обединети во заедничката татковина Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Посебно ме плени есејот од книгата Во школата на тираните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Книгата го предизвика моето внимание во времето меѓу падот на врховниот борец Хабиб Бургиба, кој бездруго имаше тиранско-фараонски амбиции и архаичниот лов матанѕа на туните, на една од последните станици од нивниот медитерански свадбен пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Францускиот поет од еврејско потекло Едмонд Жабес беше уште порадикален.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Според него, крајот на книгата го означува и крајот на времето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се соединуваа душите, се избираа меките зборови на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мене ми преостануваше да трагам по татковата визија за власта во последната четвртина на XX век кога него повеќе го немаше, а неговите книги го одржуваа неговото присуство во мојата свест... I Пишувам за да отворам дамна затворена врата, за да минам граница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И не случајно, на брегот на Езерото, во Струга, близу границата која некогаш ја минавме, татковите книги го остваруваа вториот живот низ моите занесни читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но книгите го сопираа татко ми да донесува брзи одлуки во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговите книги го прошируваа кругот на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сеќавањето на татковите книги го означуваше нашето патување и во животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога почна да наближува залезот на Татковиот живот, крај загрижената Мајка, а ние, сите петмина синови и едната ќерка, си бевме создале свои семејства, книгите го имаа загубено некогашното значење.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)