кнез (имн.) - и (сврз.)

Књазот и ајдутот се избациле, се заколнале пред златен светогорски крст и удриле со своите војски на страшните јаничари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но за да се исполнат нивните егоистички планови за убава служба, тие се готови да се покажат повеќе Бугари од самите Бугари, да играат улога на бугарски шовинисти, со неа да ги експлоатираат и бугарскиот кнез и интересите на Македонија, и на бугарскиот народ и на европското општествено мислење, со еден збор, да лажат и на десно и на лево, под вид дека исполнуваат некаков патриотски долг, а всушност да добијат служба, власт и популарност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога стигнал со своите голтари до Скопје, она што никој не го памети и што го запалиле австриските војски на честитиот или никаквиот цар Леополд, ајдутот Парамон дошол пред књазот Карпош и му рекол дека ќе се бори на негова страна за човечки правдини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Далекувидната” политика на кнезот и на неговите „самостојни” и „национални” помошници требаше да предвиди сѐ и да ги предупреди несреќите. Но тие тоа не го направија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кралот, кнезовите и министрите се сметаат за извонредно почестени ако го добијат големиот кордон на Абдул Хамид...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но Македонците во Бугарија го убедија бугарското население во правината на нивната програма за полно одделување на интересите на Македонија од интересите на Бугарија, ја покажаа политиката на владата, на кнезот и на „генералскиот комитет” или Комитетот на Цончев-Михајловски102 како егоистичка и добија во Бугарија поголема власт над „генералскиот комитет” и над владината политика по македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, кај Македонците името Бугарин е фалшива монета со која тие им плаќаат на Бугарија и нејзиниот кнез и на нивната татковина и нивниот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)