клуч (имн.) - ќе (чест.)

Клучевите требаше според верувањето на Мајка да ја отклучат бравата на враќањето во куќата на родната земја, но еден од клучевите ќе ја отвори бравата на судби­ната во градот на реката, откако Татко го беше загубил вистинскиот клуч...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка ја беше понела врската клучеви од куќата крај Езерото и напуштената куќа крај Јонското Море од нашите предци, светите книги Коранот, Библијата и Талмудот, покрај кои ја шепотеше тивко молитвата на сите вери кога ја минувавме границата, а Татко неколкуте главни книги од својата подвижна егзилска библиотека, како и неговиот започнат проект, ракописот за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега не ја оставам да извади нога од вратава патнасе под клуч ќе ја држам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Клучот ќе го најдеш во сјајот на моите очи".
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше сигурно оти во метафизичката стратегија на Мајка еден од клучевите ќе ја открие историјата на бравата на нашето отворање на првата врата во животот во егзил, а додека спасувањето на татковите книги ќе ја продолжи семејната историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)