клас (имн.) - го (зам.)

Трепетлива врелина под клепките, леплива крв под дланката и оддалеченост од сѐ што станува во тој ден. Се сети на некого од едно румено и зажарено лето, во една блага западна смиреност и скоро 'рѓосан сјај на 'ржта, бојата на класјата го пренесе на нејзините коси.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Професорката продолжи со ведар глас: – Почитувани родители, ние во нашиот клас го има­ме и најдобриот ученик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)