китка (имн.) - цвеќе (имн.)

И кога Тода еднаш и донесе китка цвеќе со алова врвца зрзано.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само китките цвеќиња, безживотно висеа по вратите и по прозорите. Тие беа овенати...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако положи цвеќе и се помоли во незадржан плач пред гробовите на својата мајка и сестра, ќе положи, на чудење на сите, китка цвеќе и на гробот на диктаторот Енвер Хоџа, кој не ѝ дозволи на светицата Мајка Тереза да си ги види своите додека беа живи, а ниту да присуствува на нивниот закоп во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нему не му е срам вака гласно да се изразува пред жена ми која со китка цвеќе во раката чека гробарите да тргнат и да се поздрави со моето тело оставајќи ја таа китка бели темјанушки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можев, прекорно си рече, да понесам китка цвеќе или една бонбониера. Се чувствуваше посрамотен. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А види колку е чиста: трипати ја исплакна стомната.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Кон Теодос.) Не е утро, туку зора! Не е девојка, туку китка цвеќе пролетно!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога го спуштија Висара во гробот, учителот му ја стави китката цвеќиња во ковчегот и со солзи на очите рече: „Овој свет не е веќе за живеење, кога Сатаната го презеде од Бога...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Посетувајте ги! Чистете ги, положете китка цвеќе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потсетете се на сите знајни и незнајни борци што ги положиле животите за слободата што ја живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)