киселина (имн.) - во (предл.)

„Ако, на пример, на некој начин може да им послужи на нашите интереси да фрлите сулфурна киселина во лицето на некое дете - дали сте подготвени да го сторите тоа?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чу себеси како ветува дека ќе лаже, ќе краде, ќе фалсификува, ќе убива, ќе ја поттикнува употребата на дрога и проституцијата, дека ќе шири венерични болести, дека ќе фрли солна киселина во лице на некое дете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се свитка, да се стегне, да ги побара сите киселини во себе за да го изгори или оти навистина е нива да остави да проклија тоа црно семе?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се наоѓа природно како маслена киселина во човековото тело, а исто така, мали количества има и во некои овоштија меѓу кои и гуава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„И што ти рекоа кога те распорија?“ „Ми рекоа: овој има таква киселина во стомакот што може и лајна да јаде“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа беше друго. Тоа беше само како некое подмирување на киселините во стомакот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)