килим (имн.) - го (зам.)

Црномурестото момче ми вели: Знаете ли, ова килимче го познав зашто го ткаеше мајка ми, а јас дури сега разбрав дека брат ми загинал!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И затоа Митра се „поткршна"; си обу нови калци, нови чорапи, опаша нова фута, си го врза кадифеното гушалче; ресениот ќилим го префрли преку глава, ги растресе цулувците, ги поначешла кркмите и отпред дојде променета, макар кошулата да не ја смени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сега ги шета влечките кон балконската врата, со тихи зборови спори за своите измами додека килимот го впива шепотењето на истрошените чекори.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Јас му кажав дека еден наш млад партизан загина на Плетвар и дека бидејќи претходно имаше земено ќебе од Германците, всушност, само за еден ден, ми го даде неговото домашно килимче за спомен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)