квечерина (имн.) - и (сврз.)

Лука Карер пристигна во првата квечерина и ги најде како тој, жена му и трите деца, го очекуваат во нивата куќа, со спакувани куфери, подготвени за скорешното заминување под закрила на ноќта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пак облак покрива небо... Не споплати веќе квечерината и не забележавме кога падна мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Љубовна луња на усните на млекарката што пее квечерина и Одот нејзин што отвора тајни врати низ кои се гледаат Белата грива на детството Грозно ронење на твоите години и ѕвездите што ќе трепкаат врз тебе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)