кафе (имн.) - ракија (имн.)

Веднаш потоа дедо ми ќе му речеше на тате: - Да не беше, никој во кафето ракија немаше да тура...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)