катче (имн.) - во (предл.)

Беше пребарано секое познато катче во скривалиштата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таков можеше да се сретне уште само во торбешките дуќани и во некое вакво домашно катче во кое, без даноци, нешто се продаваше или се произведуваше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не знам дали постои поживо катче во Солун, од она каде што е главниот градски пазар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од тој ден животот во домот сосема ми се промени, ме напушти толку заканувачкиот страв што беше вселен во секое катче во домот, повторно можев да мислам на Сентерлевиот рид, на оној рид од каде што се раѓа сонцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)