катран (имн.) - црн (прид.)

Катран црната мачка и дроб - пијаниот Александар неколку минути се гледаа очи в очи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ласте Думбаровски беше висок, со густа, како катран црна коса изначичкана веднаш над веѓите и легната по страните над начулените уши, човек без чело, со големи опуштени образи во нерамномерно разредена боја на излитен скај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И таму еден човек. Еден во вратот како бик, со едни ножишта како клади, зараснат во катран црна брада, се излежува во мојот мртовечки сандак што не бил сандак туку бил мојата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)