кат (имн.) - и (сврз.)

Стварноста го врши својот притисок само преку потребите на секојдневниот живот - потребата да се јаде и да се пие, да се има засолниште и облека, да се одбегне проголтувањето отров, или скокањето од прозорецот на најгорниот кат и слично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ова, последново, продолжува, училиштето е, исто на два ката и со визба, но со повеќе одаи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го изела мрачка. Наводно се фрлил од катот и останал на место мртов, а всушност го фрлиле агентите откако претходно го претепале до смрт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од тремот внатрешни скали водат до горниот кат и таму има пак трем со две соби, лево и десно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Може ли да се претскаже каква ќе биде судбината на Македонија под Австро-Унгарија: Босна и Херцеговина јасно ни покажуваат оти не ќе поминат ни 10 години од австриската окупација кога ќе зафатат Македонците, без разлика на вера и народност да си ги оставуваат своите катови и да се иселуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ајде, налево круг! Ја истурив манџата на катот и си надробив попара со шеќер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова овдека општината е, на два ката и со визба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)