кат (имн.) - над (предл.)

Разбравте!!! - згрме со толку силен глас, што ми се причини дека ќе ги исплаши не само Јово, Јовка, и ќерка им Сандра, комшиите од катот над нас, туку и Велика, Никола и нивните деца Влатко и Елена, кои живеат во мансардата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Неговата ќелија може да се наоѓа некаде во срцето на зградата, или на некој од надворешните ѕидови; може да е десет ката под земја, или триесет ката над земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)