карван (имн.) - сарај (имн.)

Голем некој ан, карван сарај, со многу соби, а бил претворен во затвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Куршумли-ан беше некогашен само карван сарај и тој, како постар од доаѓањето на Турците, ги примаше дотогаш само карваните со занаетчиска и трговска стока, а бидејќи во негова близина се наоѓаа колари, амџии, самарџии и јажари, тука беше многу погодно да им се дадат разни услуги на патниците и да се изврши размена на изморените коњи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нема белки пијаничиштата по карван сараите да му се другари?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)