капка (имн.) - по (предл.)

Капка по капка - вир од скриени трепети. Море жедно за нови бури.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Србин мирно посматраше како темнината се одронуваше од стварните облици на поединостите во пејсажот пред него како роса, капка по капка, поронува некаде в земја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја исполнуваше желбата на Рада. Капка по капка, стапка по стапка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Посакуваше тоа да трае, да боли. Да ја пече на тивок оган, цедејќи ја капка по капка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За тоа време капка по капка го преточуваше секој збор кажан од устите на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја пушташ водата, а тоа цревцето како змија се извива и го бркаш низ бањата, па си принуден млазот да го намалиш на минимум и, по принцип капка по капка, да се тушираш, нормално со придружбата на Мара.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако му се истури чашата, капка по капка ќе ја собира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се втасуваат капките по стаклото ко солзи по човечки образи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кап - кап - кап - саде капка по капка капе во коритцето - бигорно... и тенка шурка тече удолу... нема сила што да ја запре водата - кајшто течела ќе си го длаби патот - ќе тече... Бигорна тишина...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Саде капка по капка се наслушува - отпод карпата капе вековита бистрина... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Меѓу карпите - тишина ... саде водата капе - капка по капка - го длаби коритцето - бигорно.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Старецот жалосно ја наведна главата; додека со прсти ги размачкуваше капките по подот, чудно шмркаше и ги криеше од мене очите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Долгите раце ги држеше во џебовите и се потпираше на багремово стебло загледан во ретко посеаните капки по темното небесно кадифе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од тие нејзини зборови се плашев како од смрт, заради тие зборови си ја посакував смртта: посакував да умрам, и мама да жали над моето мртво тело, со својата тага да биде казнета за тоа што на почетокот од мојот живот беше болката, тогаш, кога не знаев дека болката ќе ме следи целиот живот, како скриена рана од која капе крв, капка по капка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Капка по капка, капка по капка така се вири и најдлабок вир.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Има, Влатко, - Капка по капка - вир! Камен по камен - мост! Зрно по зрно - погача!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога ќе почнеше да врне ќе излезев и ќе седнев под некоја капавица, така капките по малку да ме прскаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од нас ќе остане нашиот изопштен и притаен одливок мал како хаику, како врв мал од што е далеку - како сонце тој жив талог во којшто со време сме се претопувале грч по грч, капка по капка крводарителски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
3. Зад огромните магли што ги дига ветрот во твојата пустина Матно во погледот нешто се престорува во вода И капка по капка во коренот на сончогледот паѓа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)