капка (имн.) - во (предл.)

Почнува ритуалот око на око: твоите тивки солзи наеднаш стануваат лечебни капки во моето болно око.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Една, па уште една капка во болното око. Прецизно, во сред црнка.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Океаните ќе беа капки во твоето срце.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Јас не сум Јас не сум уште една алка во синџирот Јас не сум уште една капка во океанот Јас не сум уште една тула во yидот Јас не ја барам смислата на животот Јас не ги барам идеалите Јас не сум осуден да живеам за да умрам јас умирам за да живеам! 116 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
горе е густиот непробоен таван од гранки- околу се топат свеќите- бесшумно се пали телевизорот- прскаат капиларите- бам барам- а студи- внатре студи- по кожата прилепени капки во сок- не можам да се помрднам-на подот- разголена од појасот надолу- сама- со ненаситна ѕверка во себе-заробена во пепелавите канџи на стравот- ме јадат црви бубачки во моиет црева- се множат- грижат
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Венеција тоне, Холандија се лизга, глечерите се топат. чешмата капе. во лакримариумот на седумнаесетгодишната принцеза има солзи стари 23 века. во твојот тие се од пред два дена. El mundo es un panuelo - светот е марамче. влажна и мрсулава Палома. како жеден Бушман бараш вода во секое дупче, под мишки, меѓу нозе, длабоко во нечие грло. ги тераш да те гушкаат, лижат и влажно да те бакнуваат. ритмичните движења го лулаат твојот чамец. откако ќе свршиш лебдиш, бура во чаша вода. спиралите ти се омилена форма, имаш вода во колено и две-три капки во очи. наспроти популарното убедување, крвта сепак е девеесет посто вода. замислуваш самоубиство, во Охридско езеро, како Вулф или Мартин Идн. гледаш додека нуркаш. постоиш дур пливаш, преташ под површината како патка. фрлаш паричка во фонтана наместо жртва, и замислуваш желба. да уживаш онака како што си уживал во плодовата вода. не пепел од пепел и прав од прав. од вода, и во вода. 19 јануари 2009, Водици
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Арт го работеше „Маус” за „Пантеон”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се разбира, „Симпсонови” прават компанијата Life in Hell да личи на една капка во кофа. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Солзите сами му течеа како кога ќе ставиш јаки капки во очите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И потем легнав под дрвото; бев решена да му исполнам на тоа несреќно будалче сѐ што ќе посака; го открив сосема стомакот, и тој почна со својот ритуал; сипуваше по неколку капки во папокот, и потем со јазикот ги лижеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Набргу во зглобовите и во глуждовите почнаа да му се раѓаат и сите заборавени оловни кугли на болките од поминатите донови, потсетувајќи на сите изминати порази и растворувајќи ја неговата ситна радост со прекрасната утрина и со својата храброст како капка во море.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Капка по капка во камен издлабиле коритце.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Дознав дека нормалната свест е само капка во морето интелигенција, дека свеста и интелигенцијата можат систематски да се прошируваат. Дека мозокот може да се репрогамира.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Да одам по налани до кенефот во дното на дворот само за да мочнам две - три капки во дрвената дупка без капак?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа што се бара е како вода што сака да се задржи низ прсти, а одвај останува некоја капка во дланката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По малку време се сторил еден џенг помеѓу царот и еден друг цар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Донесла млеко и му капнала една капка во обете очи, па веднаш му се провидело.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Колку капки во морето, колку зрна песок, толку солзи проронаа... оставајќи зад тебе толпа луѓе, со тажно лице и насолзени очи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„За уличното осветлување во Скопје се плаќа комунална рента ама тоа е само капка в море!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да му го плати на чизмарот стариот долг за ставање нови главички кон старите голеници, па требаше да се нарачаат кај шивачката три нови кошули, па едно две рала долни алишта, кои е непристојно да се спомнуваат во печатен текст,  со еден збор, сите пари мораа да бидат потрошени докрај; и кога директорот би бил толку милосрден, па наместо четириесетте рубли награда да определи четириесет и пет или педесет, и тогаш ќе остане само дребулија, која во шинелскиот капитал ќе биде само капка в море.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
3. Зад огромните магли што ги дига ветрот во твојата пустина Матно во погледот нешто се престорува во вода И капка по капка во коренот на сончогледот паѓа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Потоа тие филмски капки во мијалникот, зумирани и озвучени.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Се разбира дека застапеното во Маргина САТИРА е само капка во морето на руската особено изострена во литература смисла за комично, цинично и духовито.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа е само уште една капка во морето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)