капка (имн.) - солза (имн.)

Поглед-Поглед, капка солза, снесе обично бело јајце. Уште едно, уште две... Ја пуштив. Не може да оди, преполна е.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А Полнета кокошка со компири и сос слета под мојот прозорец. Дали да ја изедам?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На очите сѐ уште ѝ светкаа капки солзи што ѝ останале. Но сега личеа на две бисерчиња.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
ТЕМНИЦА СЕ СРУШИ ВО МОИТЕ ОЧИ не гледам но видов во аголот на нашите средби капки солзи ко бисери бели а во нив две срца со аморни стрели и двајцата заљубени бевме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не сум поткова најдена на пат за среќа, мислеше, но не сум ни камен без капка солза.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На крајот на селото Митра се обѕрна, по една капка солза и се развалкаа по образите, но тие не беа солзи жалосници, не беа ни солзи радосници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)