капка (имн.) - смола (имн.)

Зборовите, тие врели капки смола, посилно печеа од ударите на невидливите мали чекани и разбудувааа нешто далечно, нешто склопчено на некое дно уште таму, в шума, крај вечерните огнови на смоларите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во стеблото пред себе виде едно место, каде што имаше закачено забот од самјакот; беше како делнато со секира и од него почнуваше да се лишти и од воздухот попроѕирна густа капка смола.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги сонуваше шумите и сончаните капки смола, густото златно млеко од кое, еднаш порано, му се врати здравјето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Старецот бор беше исцеден до последна капка смола кога му ја поклопи дланката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)