капка (имн.) - светлост (имн.)

Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали е травот на старците рамен на детскиот страв, кога во бесоните ноќи со оформуваат од секој звук и секоја капка светлост непознати облици со млечни очи завртени кон тој страв, ноќе, кога анѓелите поцрнуваат и се кикотат пискаво и весели се заради двете ковчести извраснувања врз нивните кадрави чела?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со дланка се одбранив од капките светлост што ме удираа по очи. Со грб се залепив до ѕидот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)