капка (имн.) - роса (имн.)

Те чувам како капка роса изутрина.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Дома беше и џунџулето и опојниот мирис на црвениот трендафил врз чии лисје зората секогаш оставаше капки роса...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овој пат бакнежот за неа беше како пупка која на усните ѝ расцвета во ружа – во ливчињата на тој бакнеж таа ја сети свежината на капките роса и богатството на кадифеноцрвената боја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Истовремено на носот ми паѓа мала капка роса.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сончева полава и наезда на капка роса. тој немир ме завитка во кора и ме претвори во страшлиивец кој што нема нерв за страв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Или, многу подоцна, на црвените гладиоли сребрено блескаа капки роса?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се разбудам и капки роса ќе си најдам на градите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко две капки роса, колку ми се исти. 4.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очите му беа запачени и матни, на долните клепки висеа ситни капки роса.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледано однадвор, сè е јасно како капка роса!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како да бил бессилен да ги ослободи жилите и месото од грч и со матни очи барал капка роса скриена од сонцето под лански лист, да ги допре усните и да го убие огнот на пониженоста и мислел - бил млад, остарел, се намалил, премал ќе се удави во таква капка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги забуцал прстите во мекиот хумус на шумските сенки со таква силина што дури почувствувал болка под ноктите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пребледе, посиве небото. Беловина се појави на врв рид што вишнее отаде шума. Врз дрвената нога капки роса.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе го пригушам нежното распаѓање на мислата... „МОЖАМ СЕ“ Ко капка роса на лозов лист, ќе го пронајдам патот, за да ги збришам сите темни дамки во твоето срце...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во очите твои црни, влажни тајна се крие Врз усните румени, скинати зборови, Во рацете свената Ружа со капки роса.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)