капка (имн.) - се (зам.)

Капките се лееја една во друга и образуваа матна баричка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Саде капка по капка се наслушува - отпод карпата капе вековита бистрина... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Прострев моето под ситниот дождец, за да го ороси, па тие лесни капки се разлеаа по него како ситни солзи , тркалајќи се удолу, покрај носот, ми ја заобиколуваа устата, низ брадата па сѐ до вратот, каде што како река течеа, се слеваа една до друга.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Оти дождот само се привсилува, капка со капка се втасува и се спојува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)