капитал (имн.) - ги (зам.)

До 1960-тите години веќе бил во тек, иако неговото спроведување го одложи деценијата на политички конфликт во 1970-тите години. ‌Епидемијата на сида ја помогна конечната победа на урбанистичкиот развој кога ги отстрани или им го намали бројот на политичките играчи – биле тие поединци или заедници – кои беа против плановите на инвеститорите зонски да изменат, да реконфигурираат, да урнат и да преизградат цели маала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Огромниот прилив на капитал ги движеше големите проекти за урбанистичко преуредување, постепено отстранувајќи ги евтините, периферни урбани зони на меѓите од некогашните индустриски или мешовити делови каде што дотогаш цутеа геј-претпријатијата, геј-живеалиштата и секс-клубовите и заменувајќи ги со автопатишта, со висококатници, спортски комплекси, конференциски центри и магацински супермаркети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Европскиот капитал ги ограбувал работните маси на Турција не само преку редовното наплатување на каматите и на кредитите, туку и директно, преку разни акционерски друштва и претпријатија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зашто во истиот тој период, рекапитализацијата на американските градови, заедно со нејзината нужна поткрепа преку урбанистичко планирање и реновирање, веќе почнуваше да го менува урбаниот крајолик на САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но на повеќето од новите жители во геј-гетата заедничко им беше искуството на учество во еден нов, радосен и невиден општествен експеримент: создавањето заедница околу хомосексуалната желба, геј-сексот и геј-идентитетот.443 Тој општествен експеримент излезе кратковечен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имаше голема многуобразност на светогледи и начини на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност дваесетина години по нејзиното формирање, по Првата светска војна завршена со Версајскиот мир во Париз, странскиот капитал ги фиксираше симболите на моќта во новото време во новата држава Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)