канцеларија (имн.) - во (предл.)

Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпосле јас сакам да мислам на своето утре.“ Брат му беше изненаден. „Секако, не си песок“, рече како да го заборавил нивниот последен разговор. „Седи.“ Седна и ја впи канцеларијата во својата свест еднаш за секогаш наслутувајќи зад студените ѕидови строги и непознати дамари.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едо знаеше дека Лигушот често или останува на работа или се враќа нешто да работи во својата директорска канцеларија во фабриката за машински делови и до доцна навечер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Според систематизацијата на работните места, Авдиќ работеше како референт во комерција задолжен за следење на побарувачката, известување за цените и начинот на дистрибуција на производите на пазарот во главниот град и во Косово и често одеше на службени патувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Маркетинг службата на „Киро Ќучук“ имаше своја канцеларија во Скопје и стовариште бр. 3 во село Визбегово.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И двете служби имале полза од соработката.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британците, од своја страна, како поискусни во субверзивните активности во земјите што биле под окупација, имале на што да ги учат своите американски колеги кога во ноември 1941 година СОИ ја отворил својата канцеларија во Лондон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
САД сѐ уште немаа воспоставено дипломатска канцеларија во Бугарија, а политичките информации беа водени преку Амбасадата во Цариград или преку британските канцеларии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Канцеларијата во која работеше мајка ми со уште една колешка и еден колега секогаш беше ширум отворена. Таму се слеваа сите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
При минатата посета, кога му реков на Роман Саздов Грофот дека доаѓам врз основа на неговата покана за да дадам некаква изјава, (се разбира, не му го изрецитирав и бројот на канцеларијата во која требаше да се јавам според поканата), Грофот ми објасни дека не треба да им обраќам преголемо внимание на таквите формалности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас не сум бил повикан како сведок, а ваквите состаноци за него не претставувале покани за изјави туку обични визити на кои тој ги претпочитал разговорите и размените на мислења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Сакате сега да ја видите Клара?,“ ме праша доктор Гете, кога влегов во неговата канцеларија во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ќе ја видам кога ќе дојдам со нејзините Густави,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веднаш ги сврти шесте бројки, но со толкава напнатост и со толку брзање, што не беше сигурна дека тоа е нејзиниот домашен број.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој му плати, му се заблагодари, и веднаш тргна кон канцеларија во нов шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сред сета мешаница, се обиде да се заштити од залутани удари и, не знаејќи ни самата како, се најде во една напуштена канцеларија во која здодевниот звук на еден стар телефон не престануваше да ѕвони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)