канта (имн.) - со (предл.)

Како дар од нејзините жители и од Акиноските, понесе пет канти со мед, пет канти со овча маст, толку со сирење и восок, неколку јунци и повеќе шилежиња - за да има пресно месо до дома, до Константинопол, а како спомен од себе, покрај двете смртти на браќата Акиноски, го остави и она одликување кое во домот на Акиноски, во едно дрвено ковчеже, заедно со други семејни реликвии, на полиците во гостинската одаја се чуваше до целосно пропаѓање на Имотот, во времето на распуштањето на колективите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нѐ изведуваат да ја исфрлиме кантата со измет, а надвор капни-замрзни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истркалани канти со маслинки, истурено маслиново масло, смокви и портокали, слатко од лубеници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш ќе си дозволеше малку слобода, па на некој остаток од платно или картон, гребејќи по дното на празните кантички со бои и со некое зафрлено чкорлаво четкиче ќе измачкаше нешто за кое видно се беше потрудил да заличи на слика, но за туѓи очи уште беше неповрзана фантазмагорија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ЛЕНА: Мишко, господинот се брза, можеш да се поздравиш. ***
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Вратата се отвора и Мишко влегува со канта со нафта.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Потоа започнуваа да работат, а тоа значеше дека тој доскокнува во предниот двор на секоја куќа и ги зема кантите со смет и ги донесува до камионот и ги исфрла од нив отпадоците и уште еднаш ги удира по металниот раб со што испаѓаат корките од портокали и корките од дињи и почнуваа да го исполнуваат празниот камион.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)