камера (имн.) - кој (имн.)

Окото веќе не е камера која се лизга од предмет на предмет, туку зеница на фото-апарат која за момент се отвора и сѐ неповратно голта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од страна поставив друга камера која снимаше инсерт од едно писмо и стражарот на вратата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што би можеле да го сметаме како техничка некомпетенција, првиот теоретичар на американската авангарда, Јонас Мекас, го прогласува за интегрален дел од нив­ната естетика: „... дури и грешките како што се неострите кадри, камерата која се мрда, несигурните чекори и движења, преекспонираните и неекспонираните секвенци - сето тоа станува дел од новиот филмски речник, неразделна компонента на психолошката и визуелната реалност на модерниот човек”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако кај Вертов и Годар е забележливо присуството на авторот, тогаш кај Ворхол е забележливо присуството на машината (камерата) и отсуството на авторот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како прво, Грамофонот Омега имаше вградена телевизиска камера која ја скенираше секоја плоча пред да се обиде да ја отсвири.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Излезот од камерата одеше во еден мал компјутер кој ги одредуваше карактеристиките на звукот врз база на изгледот на браздите од плочата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Грандиозното финале на филмот со стотици генијално искористени статисти, кадешто се користи возењето на една висока кран- камера која една по друга ни ги открива неколкуте сцени и неколкуте публики, е најдобар пример за претходно изреченото: вистински крај на низата од набљудувани- набљудувачи нема; и нашето око е само дел од таа низа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)