камбана (имн.) - бие (гл.)

Полноќен час... камбаната бие, се крева воскресенската песна победата на Богочовекот над смртта.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Камбаната бие, удира по три пати со долги паузи, гласот броди над селото, бега на сите страни, тони во срчата на небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А тогаш кога се соѕида камбанаријата и токму што се соѕида таа, на фронтот во Битолско се чу, загинало писарчето од 8. рота 12. полк, во кое, после се дозна, била вљубена Веселка Митрева Џокоска, па некој во врска со тоа и дека за прв пат камбаната биеше на мртовец, ја испеа оваа песна: Камбана бие, мамо, камбана бие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)