калиграфија (имн.) - во (предл.)

Во филмовите на Гринавеј се појавуваат сите “репродуктивни” медији, почнувајќи од оние најексклузивните, прикажани во самиот чин на создавањето, како што е цртањето во УГОВОРОТ НА ЦРТАЧОТ и внимателната калиграфија во СТОМАКОТ..., во најдословната смисла на авторовиот “потпис” бидејќи станува збор за неговите цртежи и неговиот ракопис, до репродуцирањата по пат на видео- и филмски камери, грамофони (ЗОО), фотоапарати (СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ, ДАВЕЊЕ ПО БРОЕВИ) и, како што вели Гринавеј, “најбаналните слики” добиени со фотокопир (СТОМАКОТ...).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И оттаму, од таа средишна позиција на духот, од таа ментална луцидност, која никогаш ни за чекор не отстапува пред материјалната реализација, прекумерниот значај што обајцата им го придаваат на белешките, цртичките, записите, фрагментите, скиците, на целата таа пишувана и цртана легенда, вечно фрагментарна, распрскана низ бескрајот, свесно предадена на скришноста, каде што доминираат игрите со зборови, калиграфијата во огледало, нејасните алузии, повеќе hors d’oeuvre отколку oeuvre, оттаму некој вид на дневник со кого таквото дело се храни. okno.mk | Margina #3 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)