казма (имн.) - и (сврз.)

СИМОН: Два часа удирање со казми и лопати.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јован ги фрли казмата и лопатата во дупката и излезе горе да си ја облече кошулата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Земјата е пекол сува. Според навиката, тој сега ги фрли казмата и лопатата сред копаното, ги удри дланките една од друга, ја облече кошулата и, по малку време, замина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас со тешкото чувство во себе, а Јован со казмата и со лопатата на рамо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
КЛАУС: Кој ќе ги крене казмите и лопатите?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала, јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)