кадија (имн.) - ќе (чест.)

Зар пак турски кадии ќе ни судат?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
XLV На Климент Камилски, по првите претставени зборови на Татко, посебно по поимот кадија, му стануваше јасно дека нивната мисија добиваше сосема друга смисла и застрануваше од замислениот правец и конечната цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски повеќе не поставуваше прашање дали поимот кадија ќе влезе во нивната листа на опасните османотурцизми со изветвена смисла или, како што нагласуваше сѐ поретко со опасно значење!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го нишаше стројното тело да се шират димините и да тропаат токите на елечето. Co особено задоволство и го покажа ѓерданот на гушата, белегзиите и прстењето на рацете и почна да ја кандисува и таа како Ајша: – Потурчи се, будала, за две-три години кадијата ќе биде само твој и се што ќе посакаш, ќе ти купи и ќе ти донесе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Надворешниот сјај и богатството на царскиот палат го замајаа Суља и готов беше да се врати, но се сети дека кадијата ќе го обеси ако не му однесе извештај од султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата ќе биде само твој; ќе ти купува се што ќе посакаш, и сите овие сега што те навредуваат, ќе ги натера да паднат пред тебе и да ти служат. Што сакаш повеќе од тоа?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Успехот со задушувањето на бунтот си го препишуваа исклучиво на себе и беа сигурни дека кадијата ќе ги направи салам бегови над покорените Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој кадија ќе биде, овој муфтија, овој бег, ага, субаша, паѓа, везир....
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш и кадијата ќе го добие заслуженото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе јадеш, ќе пиеш, ќе се веселиш како нив. Кадијата ќе ти купи таками поарни од нивните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)