кадија (имн.) - во (предл.)

Изучил за кадија во времето кога започнуваше да се урива Отоманската Империја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој беше навлезен и во духот и на Ататурковото судство според западноевропските урнеци, но, во суштина, тој сепак остануваше отомански кадија во сталинистичкото антизападно време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Али Фети ја допушуваше последната пура.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше подготвен да го слуша цела ноќ, но во кажувањето на вујко Али Фети имаше цела стратегија Татко да се придобие да се приклучи кон семејната традиција да стане нов кадија во Република Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Решија: самиот поп Јаков, поп Димитрија од Пешта и земскиот поп Димитрија Сталев од Сатока да отидат до кадијата во Прилеп и да му ги поднесат документите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Устабашијата Сефедин, како и Суљо-ага пред четиринаесет години однесе писмото лично до султанот и пак доби еден ферман кој гласеше: До скопскиот бег и до кадијата во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Живи – умрени, ќе ги има кадијата в раце бунтовниците, или нивните глави.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Веднаш испратија извештај за успехот до пашата во Скопје и кадијата во Прилеп, и од обајцата добија заповед бунтовниците да се доведат живи во Прилеп доколку се предадат живи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Муарем и Фета, по ограбувањето на Будимирци и Груништа се стави со кадијата во Градешница и веќе и се готвеа да ја нападнат тврдината Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Трајка го спали кадијата во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги пуштија жените, децата и по некој старец што имаше, а исто врзаните млади мажи ги вратија во тврдината да направат избор кого да му го испратат на кадијата во Прилеп за да се исполни царската заповед.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ем слушајте вамо и вие мазлич - алари - му рекол на мезличот - еве ели јашана сторив и он јаша кадија кај сум, нели ферман сум видел, иља ваков ферман до рака не ми дошло.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Раскажал по родои и пријатели оти ќе одел на аџил'к.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во некој град отвориле муабет во некое каве неколцина чорбаџии помеѓу себе за кадијата во тој град дали зема рушвет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)