кадија (имн.) - им (зам.)

А кога по ручекот кадијата им дозволи да се качат на крушите и сливите и да јадат колку што сакаат, просто почнаа да се радуваат што се најдоа во вакво изобилство.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата им нареди на каданите да наседнат на диваните и да гледаат сеир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А кадијата им нареди на сејмените: – Алиштата долу и... – покажа на врвот од огнот – горе на грб... да чуеме оттаму што ќе пропцала попецот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)