кадија (имн.) - го (зам.)

Чув, за нов кадија го ставиле Махмут-бег, та може таму ни е среќата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кадијата го слушна и го изнапцу: – Не прашам тебе, бре домус! – му се врекна и пак и повтори на Анѓа: – Кажи де, кажи; што молчиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Скопскиот беглер-бег и прилепскиот кадија го скроија планот да ги нападнат бунтовниците на големиот христијански празник Велигден, кој таа година беше доста ран – уште на 26 март.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата го поправи. – He џанум! Како ќе сечиш главата на наши деца! Тие се веќе наши.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
До пролет кадијата го прати Суљо-ага со педесетина сејмени и овој го опљачка и изгоре до темел малото селце Лисиче, кое веќе не се обнови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И овој пораз кадијата го прими со големо чудење, но не се откажа од понатамошните напади.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Почна да се стиска кон огнот, но кадијата го имаше предвидено тоа, та совреме нареди редица сејмени пред луѓето, така што неколку метри од огнот беа слободни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И Суљо-ага тргна по познатиот пат Штавица, но место да ја преоѓа Црна на Чебренскиот Мост, каде што беше разбиена првата чета, кадијата го упати на другиот мост – на Светецот за да премине полесно, претполагајќи дека Чебренскиот ќе биде поседнат од бунтовниците, кои ќе се надеваат на други напади.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За да не бидат присутни на страшната глетка, христијаните бегаа рано, а Турците и Циганите се заврвеа исто така рано, носејќи секој по заграб дрва и ги трупаа токму на она место од каде што пред дваесет и седум години кадијата го грабна Ангелета Сирмев и го прати за јаничар во Истанбул.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој дојде на определениот ден по своите бегови и агалари и кадијата го отвори мезличот со читањето на ферманот, а калуѓерот Аџи-Јане му објасни за сѐ што разбра во Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)