кадија (имн.) - ги (зам.)

Кадијата ги испрати малите идни јаничари во Истанбул и се отстрами од својот голем покровител Сулејмана, a Мариовците за првпат ја сетија грубата турска сила на својот грб и се затворија во својата непристапна дива област, решени да немаат никакви врски со лошите прилепски Турци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадиите ги имаше и во предисламскиот период, но тие се наложуваат во VII и VIII век кога требало да се толкуваат одредени правни прописи од Куранот и хадисите (поуки коишто пророкот Мухамед ги изговарал или ги сугерирал) и да има чувство за иџмата (консензус на улемите).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На кадијата му удри мисла да се послужи пак со Аџи Јанета и Аџи Рампа и испрати човек да му го доведе, а тие се израдуваа мислејќи дека се покорени Мариовците и кадијата ги викна да ги направи мариовски бегови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата ги викна раштрканите сејмени кои направија куп пред вратата и им рече кратко: – Момчиња! Еве го Суљо-ага.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Та тие беа пари што ни целиот битолски санџак не ги плаќаше, а кадијата ги сакаше од едно селце од триесет куќи со 150-200 души луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овие му раскажаа сѐ потенко, кадијата ги пофали и богато ги награди од своја страна, напиша уште истиот ден писмо за скопскиот беглер-бег и го испрати, па се прибра вечерта во конакот да им раскаже на Ајша и каданите за повторното Анѓино ропство, а сужните ги затвори во својот затвор и ги држеше ни помалку, ни повеќе – токму три месеци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дури кадијата ги водеше овие операции за да ги покори овие села, Селим, Фазли и Даут ја прегазија Црна над Светецот, бидејќи мостот беше урнат од порано и со малку жртви ги нападија нагоре бунтовниците, кои, гледајќи ја големата сила, побрзаа да ја соопштат катастрофата по тие села и да ги спасуваат жените, децата и старците во честите гори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)