кадија (имн.) - нареди (гл.)

Кадијата нареди да се тепаат сите мажи, а од жените кој бег колку сака да си избере ако му требаат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И најпосле, кога зедоа што имаше за земање, кадијата нареди да се запалат сите куќи во селото, така што кога тие го напуштија, тоа остана во пламен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
УШТЕ ИСТАТА ноќ по спалувањето на поп Јакова и Трајка кадијата нареди да се спреми потребен број сејмени што ќе ги затера бунтовниците во Цариград.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата нареди да се бијат главните луѓе до смрт за непослушност и овие веќе пискаа, стенкаа, офкаа и пцуеја под ударите на дабовите и буковите суровици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа кога кадијата нареди да му ја одведат во харемот, никој не помисли ни да се противи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)