кадилница (имн.) - и (сврз.)

Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мајстор божји, света рака имаше. Ја шета куќата со кадилница и шепоти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И попот Матлија пиеше со луѓето и ја заборави и црквата и верата: редеше темјан во кадилницата и им шркаше на јагнињата што се колеа за печење, пеејќи им: „Господ да ве благослови, душички - и слободата, како и војната, бара жртви...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)