исчезнат (имн.) - луѓе (имн.)

Зборовите за нив беа како датуми, бројки на завршените настани, исчезнатите луѓе, предели, заборавени обичаи, завршени битки, семејства, земји, самата историја и што уште не...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, откако реферира за зборовите за кои беше задолжен од областа на духовниот живот, верата, потоа за именките, заменките, придавките, прилозите, сврзниците и извиците, коментирајќи ги најкарактеристичните за да бидат внесени во конечната листа, неочекувано за Татко, се задржа најмногу, како што си вети во подготвителната фаза, на турцизмот филан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)