исчезнат (имн.) - империја (имн.)

Само тврдината, завикана Кале уште од отоманско­то време, кога служеше како голема воена касарна, беше симбол на исчезнатите империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жила­во наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мислеше дека во овој град ќе дојде и до својата конечна пресметка со историјата, верувајќи дека ќе ги открие помирувачките кодови на исчезнатите империи, останати во луѓето, најмногу преку инерциите на идеологиите и на религиите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нашите јазици ги содржат нашите разлики, нашата суштина, но и нашата помешаност со јазиците на исчезнатите империи, но најмногу со последната, Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги гледаше и книгите за исчезнатите империи на Балканот, особено од периодите на нивните падови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)