историја (имн.) - ќе (чест.)

Ќе останат во моето сеќавање, но ќе оживуваат кога немирните бранови на историјата ќе ја носат судбината на Арафат и Палестинците до бреговите на надежта...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека има идеалисти и глупаци, сиве овие истории ќе се повторуваат.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЈАКОВ! Јас само прдам на вас, историјата ќе ве посере!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе бараш поука во историјата ќе одиш сѐ подалеку и подалеку сѐ по-залудно.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Единките ќе умрат, како и секогаш, но нашата историја ќе стаса толку далеку колку што воопшто ќе ни затреба да се загледаме во иднината, и со сознанијата од нашето постоење од сите времиња што допрва ќе дојдат, ние ќе ја сознаеме вредноста и оттаму и одговорот по кој отсекогаш сме трагале.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И така, со човештвото на коленици, едно значајно поглавје на историјата ќе биде завршено.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Разнесеното, распрскано човечко стадо ќе биде повторно собрано под заштита на еден немилосрден натрапник, вид планетарно чудовиште пред кое нациите ќе коленичат, немоќни да се побунат пред диктаторската екстаза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Набргу јас ќе бидам далеку, далеку од судбината на Палестинците, на Јасер Арафат, на неговите први соработници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)