исповед (имн.) - во (предл.)

Во зададената ситуација „Поп” Ондин игра исповедник, а протагонистите (како Ингрид Супестар) доаѓаат кај него и импро­визираат исповеди во кои, по веќе даде­ната конвенција, се испреплетуваат позерството и стварноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Секако не како една од прецизните исповеди во пуританската библиотека на Светиот Ред.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во Девојките од челзи се случува вис­тин­ски инцидент за време на кој работата на камерата не е прекината.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Времето се отвора и почнува во мене да зборува Преведувајќи ме во небо, во скробна исповед Во молитва по која во пустината врне.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
- Те молам, не спомнувај го пред Роза случајот со невината девојка - ми беше наредил по исповедта во кафеаната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)