интуиција (имн.) - го (зам.)

Но интуицијата го водеше кон нас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога со непогрешлива интуиција го одбраа газдата на куќата, тие го присилија ангорското крзно да скокне во неговиот скут.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Даниел беше готов да ја заѕида тулата, кога една сенка падна врз неговата глетка и некаква интуиција го задржа да не ја стави тулата на местото каде што требаше да ја заѕида во ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во тој начин на соопштување, Гита Корец со својата непогрешлива интуиција го препозна никулецот на една состојба што се развиваше како дива билка, како брзорастечки бршлен што во неа предивикуваше силен и неконтролиран страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пријатни навеви од благ ветрец доаѓаат откај реката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)